Филипче негира дека ќе има разрешувања на раководни лица во болниците
„Не станува збор дека следува некакво разрешување. И во текот на вчерашниот ден изјавив дека имаме континуирана, одлична комуникација со сите директори поставени во јавно здравствените институции“, рече Филипче по положувањето цвеќе и по молебенот на УКИМ.
Тој информира дека Ставриќ понела оставка пред неколку месеци од лични причини и се уште не се знае кој ќе ја замени на функцијата. Филипче посочи дека ќе разговара со Ставриќ за тоа дали може да се надминат причините за нејзината одлука и таа да продолжи и натаму да раководи со клиниката.
