Владата тврди дека постапува по препораките на УНЕСКО
„Оваа предлог одлука, која не е финална, треба да биде стимул за сите институции и за граѓаните да се работи со поголем интензитет за да го зачуваме нашето уникатно светско наследство. Владата смета дека е остварено поместување во исполнување на препораките, и дека крајната одлука треба тоа јасно да го рефлектира“, се вели во соопштението.
Претходно УНЕСКО во последниот извештај посочи дека Охридскиот регион од културно и природно наследство препорачува да се стави на листата на загрозено светско наследство и бара од државата целосен мораториум трансформација на брегот на езерото и уривање на дивоградбите.
Од организацијата на ОН соопштуваат дека главниот проблем е недоволниот напредок во решавањето на проблемите и постојаните закани и опасност од големите инфраструктурни и развојни проекти. Според извештајот, малку е направено и за имплементација на приоритетните препораки на мисијата на УНЕСКО од 2017 година.
