ЕУ: Пред новата косовска влада се важни задачи
"Пред Косово е важна работа. Новата влада мора да се заложи за напредок во реформите, економскиот и социјалниот развој, владеењето на правото и продолжувањето на дијалогот посредуван од ЕУ со Белград, рече портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ".
Вчерашните избори во Косово таа ги окарактеризира како „добар ден за косовската демократија“ и истакна дека излегле повеќе гласачи отколку на изборите во 2017 година.
