Облачно со температура до 13 степени
Во Скопје максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено утре. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.
