Добавить новость
103news.com
World News
Февраль
2021

Шефот на МААЕ во посета на Иран

0
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси се состана со шефот на цивилната организација за атомска енергија на Иран Али Акбар Салехи. Средбата доаѓа пред крајниот рок на 23 февруари, кој го постави Техеран, да се намалат инспекциите од страна на ОН на иранските нуклеарни постојки, доколку не се укинат санкциите од САД, јавуваат иранските медиуми.


Иран соопшти дека ќе престане со спроведување на „доброволни мерки за транспарентност“ согласно нуклеарниот договор од 2015 година со големите сили, вклучувајќи го и таканаречениот Дополнителен протокол, кој им овозможува на инспекторите на МААЕ да ги посетуваат иранските постројки.


Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека  минатонеделата посета на Гроси на Техеран била за да се најде „заемно согласно решение за да може МААЕ да продолжи со суштинските активности во Иран“. Иран истакна дека нема да престане да соработува со Агенцијата или да протерува инспектори.


Иран и шест светски сили во 2015 склучија значаен нуклеарен договор со кој Иран се обврза да ја ограничи програмата за збогатување на ураниум, а за возврат се укинаа меѓународните санкции кон Иран. Но, американскиот претседателот Доналд Трамп во мај 2018 година ја повлече својата земја од спогодбата и повторно воведе санкции кон Иран, кои ја осакатија тамошната економија. Според Трамп, условите за Иран од договорот не се доволно строги.


Како одговор, Техеран постепено го прекршува договореното.


Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден бара начини како да се вратат на договорот. Белата куќа на 19 февруари соопшти дека Европската унија ја објави идејата за разговор меѓу Иран и шесте големи сили кои го потпишаа договорот. Истиот ден, Бајден рече дека Вашингтон е подготвен да се вклучи повторно со меѓународните партнери кои го потпишаа договорот за иранската нуклеарна програма.



САД не планираат дополнителни чекори против Иран пред „дипломатските разговори“ предложени од ЕУ


Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на 20 февруари изјави дека неговата земја ја разгледува понудата на Европската унија да биде домаќин на состанок меѓу Иран и другите страни потписнички на договорот во 2015.

 






Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России