Добавить новость
103news.com
World News
Декабрь
2024

Приведен,па ослободен „полицискиот крт“ кој им „шепнал“ за акцијата на „Беланоца“

0
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека синоќа било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“. Делото е поврзано со акции на полицијата извршени месецов против криминалната група „Беланоца-Барон“.  


Според соопштението на МВР осомниченото службено лице било приведено на 28 декември. 


„При што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело ‘Оддавање службена тајнa’, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, велат од МВР.


Осомничениот е син на поранешниот министер за внатрешни работи од ДУИ, јавува ТВ Телма, повикувајќи се на полициски извори. 


Тој е осомничен дека оддал информации до членовите на криминалната банда непосредно пред спроведувањето на акцијата на Обвинителството и МВР на 16 декември против 18 осомничени припадници на скопското подземје од кои осуммина од нив не пронајде.  Тие како дел од криминалната банда „Беланоца-Барон“ се обвинети дека во период од 2020 до 2024 година, организирале убиства на вкупно 8 луѓе, при што тројца други биле ранети, а на три лица им бил загрозен животот.



Истрагата за протекувањето на информациите ја води Обвинителството за гонење организиран криминал. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека е уверен оти информациите не протекле од кај нив.




„Во тој поглед јас како државен обвинител можам да ви гарантирам дека од страна на ЈО не протекуваат никакви информации за тоа што тие предистраги, тие мерки за следење со месеци биле активни и претходно и ниедна не пробила. 

Акцијата е пробиена во завршна фаза односно ден два пред да се преземе официјално акцијата. Токму и на таа околност ЈО и сега истражува да дознае „кој е кртот“ на пробивање на акцијата, меѓутоа ете успеа два дена пред планираното да спроведе акција и дел од осомничените да ги уапси“, изјави Коцевски.


За полициската акција протекле информации од Министерството за внатрешни работи, и поради таа била спроведена во недела навечер, наместо во вторник како што било планирано. По спроведувањето на акцијата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека е срамно тоа што протекле информациите.


„Порака до нечесните, срам е за македонски полицаец да учествува во поткопување на процесите кои треба да не довеат до правда и правичност и ќе следат во иднина постапки“, рече Тошковски на 16 ти декември.


Ова е трет пат по ред, како од полициските структури „протекуваат“ информации за полициски акции кои се спроведуваат против нарко-картелите.




Претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски по јануарската акција годинава кога беа уапсени седум луѓе од вкупно 16 осомничени за „увоз на кокаин“ од Перу и Бразил, изјави дека утврдиле дека во МВР има „кртови“ кои наскоро ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.


На 4 ноември годинава МВР објави дека се уапсени пензионирани полицајци поради оддавање на оперативни информации.



Иако, тогаш не беше експлицитно посочено за кого се работи, но според соопштението наликуваше дека тие им давале информации на најголемиот нарко бос во земјава Шеваљ Муареми, кој според последните објави на социјалната мрежа Инстаграм е во Дубаи.






Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России