Добавить новость
103news.com
World News
Август
2025

Сто и шеесет професори на Филозофскиот факултет во Нови Сад ги осудија постапките на деканот

0
Досега, 160 професори и соработници потпишаа петиција со која се осудува фактот што деканот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Миливоје Алановиќ, ги држи вратите на високообразовната институција заклучени веќе четврти ден.
Алановиќ влезе во зградата на факултетот со неколку професори и вработени на 26 август, ги избрка студентите на кои им беше блокиран влезот и ги смени бравите на влезната врата.
Истиот ден, тој ја повика полицијата, која оттогаш не им дозволува на студентите или на некои вработени да влезат.
Професорите и соработниците во петицијата нагласија дека не е можно да се одржуваат испити во таква насилна атмосфера, пренесе Бета.
„Најостро го осудуваме исфрлањето на студентите во блокада од зградата на факултетот. Во атмосфера на уцени и закани, не е можно и не е професионално да се одржуваат испити.“
„Апелираме до раководството на Филозофскиот факултет да им овозможи на професорите, кои досега добро комуницираа со студентите, заедно да најдат соодветно решение“, се наведува во петицијата.


Тие порачаа дека сакаат да помогнат во решавањето на ситуацијата на конструктивен начин, земајќи ги предвид интересите на сите студенти, вклучително и студентите во блокадата, како и интересите на Филозофскиот факултет.
„И меѓу студентите и кај професорите на факултетот постои волја за одржување на испитите. Веруваме дека има простор и за договор што би овозможил спроведување на испитните активности во академски коректна атмосфера со меѓусебно почитување и благодарност“, порачаа тие.
Додадоа и дека „ова е единствениот начин на кој сме подготвени да учествуваме во спроведувањето на испитите“.
Како што наведоа, многу факултети во Србија избраа разговор со разбирање за сите ставови, покажувајќи дека „кога има добра волја, може да се најде решение“.
Откако деканот го стави факултетот под клуч, секојдневно се одржуваат протести од професори, студенти и поддржувачи, пред зградата.
Во средата вечерта, на 27 август, избувна судир меѓу демонстрантите и полицијата откако демонстрантите се обидоа да го пробијат жандармерискиот кордон што беше поставен пред влезот во зградата на факултетот.
Српското Министерство за внатрешни работи на 28 август објави дека три лица се уапсени под сомнение за сторено кривично дело напад врз полицијата.
Студентите што го блокираа Филозофскиот факултет, исто така, го потврдија апсењето на двајца нивни колеги. Тие рекоа дека едниот од нив бил уапсен во автобус, додека другиот бил „одвлечен“ во зградата на факултетот за време на протестот и дека „долго време не знаеле што му се случило“.
Филозофскиот факултет во Нови Сад беше првиот во градот што беше блокиран од студенти во декември минатата година, а и другите факултети го следеа примерот.






Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России