Добавить новость
103news.com
World News
Август
2025

ЕУ останува поделена околу санкциите врз Израел поради војната во Газа

0

Европската Унија на 30 август остана поделена околу тоа како да реагира на катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа и какви мерки да преземе против Израел на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Европската комисија предложи суспендирање на финансирањето на истражувањата за израелските компании откако интерниот преглед на ЕУ заклучи дека дејствијата на Израел на завојуваната територија го кршат договорот меѓу ЕУ и Израел, кој ги обврзува двете страни да ги почитуваат човековите права, јавува германската новинска агенција ДПА.

Германија е меѓу земјите што го блокираат спроведувањето на мерката. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул нагласи дека Берлин засега не е подготвен да го поддржи предлогот за санкции.

„Планираната мерка веројатно нема да има какво било влијание врз политичкото донесување одлуки на Израел и воените дејствија во Појасот Газа“, рече Вадефул.

„Затоа Германија не е убедена од предлогот“, рече Вадефул.

Министерот нагласи дека Германија наместо тоа ги ограничува испораките на оружје за Израел.

„Верувам дека ова е многу насочена мерка што е многу важна и многу неопходна“, рече тој.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, изјави дека „не е многу оптимист“ дека ќе има консензус за тоа како да се реагира на војната во Газа, бидејќи „прилично благиот“ предлог што го даде за суспендирање на финансирањето на истражувањата не ја доби потребната мнозинска поддршка.

Плановите ќе треба да бидат одобрени со таканаречено квалификувано мнозинство, што значи од најмалку 15 од 27-те земји-членки на ЕУ што претставуваат најмалку 65% од населението на блокот. Ова ѝ дава на Германија, која е најголемата држава во ЕУ со население од 83,5 милиони, голема моќ на глас.

„Кога сме поделени, немаме единствен глас. Ако немате единствен глас, тогаш по оваа тема немаме [глас] на глобалната сцена“, додаде таа.

Додека некои земји од ЕУ, како Германија и Австрија, сè уште се двоумат да поддржат санкции, неколку други земји, вклучувајќи ги Данска, Шпанија и Ирска, се залагаат за построг став. „Сега мора да ги претвориме зборовите во дела“, рече данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, кој беше домаќин на состанокот.

„Го сметаме Израел за пријател, а израелскиот народ за пријател. Но, имаме проблем со сегашната влада“, додаде тој.

Данска е подготвена да ја ограничи трговијата со Израел, да воведе забрана за производи од израелските населби на Западниот Брег или да воведе санкции врз израелските министри, рече Расмусен.

Сепак, тој призна дека постигнувањето консензус за овие мерки „веројатно не е остварливо“, додавајќи дека проблемот на ЕУ е што „бавниот брод во конвојот ја одредува брзината“.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России