Добавить новость
103news.com
World News
Сентябрь
2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

0

Европската комисија донесе одлука да одобри дополнителни 50 милиони евра помош како одговор на „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и за справување со растечките хуманитарни потреби на Западниот Брег“, јави МИА.

Со ова, како што соопшти Еврокомисијата, вкупната итна хуманитарна помош на ЕУ за Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, годинава достигна 220 милиони евра, а од 2023 година - над 550 милиони евра.

„Првпат во историјата е потврден глад во Појасот Газа, а масовното присилно раселување предизвикано од тековната воена офанзива во градот Газа ги прави семејствата очајни за храна, сместување, здравствена грижа и заштита. На окупираниот Западен Брег, континуираното присилно раселување, строгите ограничувања на движењето и насилството на доселениците доведуваат до акутни хуманитарни потреби за заштита, сместување и пристап до основни услуги“, се вели во соопштението.

По повод одлуката на ЕК, еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџи Лабиб изјави дека тоа е дополнителен одговор на Европската Унија на гладот кој сега е реалност во Газа и на неподнослива хуманитарната ситуација.

„Но, самото финансирање не е доволно. Цивилите мора да бидат заштитени, мора да биде загарантиран пристапот до хуманитарна помош и сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. ЕУ ќе продолжи да работи со своите партнери за да инсистира на исполнување на овие обврски и на политичко решение што ќе го прекине страдањето“, порача Лабиб.

ЕК посочува дека интензивираните израелски напади, тековните копнени судири и наредбите за присилно раселување на цивилите резултирале со тоа над 1,9 милиони луѓе или над 90 отсто од жителите на Газа да бидат насилно раселени низ Појасот.

Дополнително, по месеци жесток конфликт над половина милион луѓе во Појасот Газа живеат во катастрофални услови, а уште 1,07 милиони или 54 проценти од вкупното население се соочуваат со вонредна или кризна ситуација.

Комисијата потсетува дека на 22 август 2025 година во Газа и официјално е потврдено постоењето на глад. Оттаму истакнуваат дека Хуманитарната ситуација продолжува значително да се влошува и на Западниот брег, меѓу другото и поради брзото ширење на (еврејските доселенички) населби и нивната легализација, што го зголемува ризикот од де факто анексија.

Според Комисијата, поради израелските воени операции и најмалку 2300 напади на еврејските доселеници врз палестинските заедници на Западниот Брег од 1 јануари 2024 година, своите домови ги напуштиле речиси 40.000 лица.







Губернаторы России





Губернаторы России
103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России