Добавить новость
103news.com
World News
Октябрь
2025

Ивановска: Граѓаните сами да одлучат за кого ќе гласаат во вториот круг

0

Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, на прес-конференција заедно со избраните советници од граѓанските иницијативи обединети во платформата „Независни заедно“.

Кој и да победи во вториот круг на локалните избори, Ивановска посочи дека треба да носи одлуки во полза на сите, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес. Победникот, рече, треба да го заштити уставното право на граѓаните за здрава животна средина, како и нивното активно учество во креирање и донесување на одлуки.

„Голем број граѓани препознаа вредности и без особени кампањи, затоа што тоа се свесни граѓани кои наместо секојдневно да негодуваат за проблеми, преземаат акција за промени, преземаат одговорност за својот живот … Кој и да победи, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес, треба да носи одлуки во полза на сите и да го заштити уставно загарантираното право за здрава животна средина и активното учество на граѓаните во креирањето и донесувањето на одлуките“, рече Ивановска.

Охрабрува фактот, вели, што Центар има критичка маса која што не размислува по партиска шема. Граѓаните се свесни дека промените треба сами да ги направат, рече Ивановска, додека „системот е крив само тогаш кога граѓаните се неми и беспомошни набљудувачи на корупцијата, урбаниот хаос, ѓубрето и тн“.

Ивановска додаде дека граѓаните очекуваат одговорни политики и транспарентност во одлуките на локалната власт, укажувајќи на потребата од ревизија и усогласување на Деталните урбанистички планови со Генералниот урбанистички план.

„Укажуваме дека е неопходно да се ревидираат, изменат и дополнат Деталните урбанистички планови, кои не се во согласност со Генералниот урбанистички план. Да не се издаваат дозволи за градба врз основа на Детални урбанистички планови, чии параметри, на пример густина на население, се поголеми од предвидените во Генералниот план. Издадените дозволи да бидат јавно објавени на мапата која што „Шанса за Центар“ доброволно ја направи и ќе ја стави на располагање на Општината, која што ќе треба само да ја одржува. Ние направивме мапа и во моментот има над 150 градби во општина Центар“, посочи Ивановска.

Поради нееднаквите услови во изборниот процес, носителката на советничката листа на Град Скопје од „Независни заедно“, Јана Белчева – Андреевска, најави дека платформата ќе продолжи со собирање потписи за нејзина регистрација како граѓанско-политичко здружение.

„Поради нееднаквите услови со кои се соочивме во текот на изборниот процес, поради сите сопки и препреки во последен момент кои што се изнајдоа за учество на граѓаните активно да бидат чинители и креатори на политиката и да учествуваат како независни кандидати и независни листи, поради сета демонизација на противници и поради намалување на демократијата во државата, ние одлучуваме понатаму да продолжиме со собирање на потписи и со регистрирање на граѓанско-политичката платформа „Независни заедно“, изјави Белчева – Андреевска.

Таа ги повика сите независни групи низ земјата да се приклучат кон иницијативата.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России