Премиерот на Србија: Не сум проруски и не сум проамерикански човек
Премиерот на Србија Ана Брнабиќ во интервју за РИА „Новости“ изјави дека, без оглед на повеќегодишната работа во организации под покровителство на САД, не е „американски човек“.
Во петокот Брнабиќ ја одржа првата седница на владата на Србија како нејзин полноправен претседател, откако претходно беше избрана од пратениците во српското Собрание.
Лавров:Русија не се противи на европската економска интеграција на Балканот
„Јас не сум проруски и не сум проамерикански човек. Јас сум премиер на Република Србија и целосно сум посветена само и исклучително на благостостојбата на Србија и на нејзините граѓани. Во таа смисла ги почитувам и едната, и другата страна. Исто така ја почитувам ЕУ како стратешки партнер“, изјави Брнабиќ за агенцијата.
Исто така, таа изјави дека Србија нема да воведе санкции против Русија.
„Ние нема да воведеме санкции против Русија. Ќе се потрудиме да водиме балансирана надворешна политика“, рече Брнабиќ и додаде дека „санкциите спрема Русија не се во интерес на Србија“.