Во езеро во Русија се појави чудовиште
Во езерото Ханто кај градот Нојабрск во Јамало-Ненецкиот автономен округ е забележано и фотографирано непознато суштество кое потсетува на легендарната Неси, кое наводно живее во водите на шкотското езеро Лох Нес.
Извор: nashgorod.ru
Фотографиите со непознатото чудовиште со долг врат на 26 јуни со мобилен телефон ги направи локалниот жител Дмитриј Ким додека трчал покрај езерото.
Притоа младичот сѐ уште не знае што успеал да сними – животно или ѓубре, соопштува тјуменскиот портал „Наш город“, пренесува „Вести.ру“.