Си-Ен-Ен соопшти за што ќе разговараат Трамп и Путин во Хамбург
Претседателот на САД Доналд Трамп во текот на средбата со Владимир Путин планира да се фокусира на дискусија за ситуацијата во Сирија и во Украина, соопштува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани претставници на администрацијата на американскиот претседател.
Лавров ја коментираше претстојната средба меѓу Путин и Трамп
Според информациите на изворите на телевизијата, Трамп сака да ја разгледа со Путин воената ситуација во Сирија и руската поддршка за претседателот Башар Асад. Исто така, американскиот претседател има намера да го постави прашањето за „дејствијата на Русија во Украина“. Сепак, главно прашање на агендата треба да биде Сирија.
Според информациите на телевизијата, прашањето за „вмешаноста“ на Русија во американските избори тешко дека ќе биде поставено, пренесува РИА „Новости“.