Путин ќе има серија средби на маргините на Г-20
Ова го изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков во понеделникот, пренесува „Лента.ру“.
Истовремено тој одби да одговори на прашањето дали Москва и Вашингтон се договориле за времето на средба меѓу лидерите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп.
Си-Ен-Ен соопшти за што ќе разговараат Трамп и Путин во Хамбург
„Ќе ви соопштиме навремено (за можните разговори на Путин со Трамп) кога во целост ќе биде оформен програмата за престој на претседателот на РФ во Хамбург“, изјави Песков. Тој потсети дека Владимир Путин ќе биде во Хамбург на самитот на Г-20 на 7 и 8 јули.
Претходно на 30 јуни помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков изјави дека Кремљ се обидува да најде во распоредот на Путин време за „многу важната и потребна средба“ со американскиот лидер.
Еден ден претходно тој соопшти дека Москва договорила три средби на рускиот претседател на маргините на Г-20: со неговиот француски колега Емануел Макрон, со претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин, како и со премиерот на Јапонија Шинзо Абе.