Медиум: Нафтените гиганти загрижени поради новите антируски санкции
Лобистите на американските компании алармираат по повод некои одредби во предлог-законот, вклучувајќи ги и мерките за забрана на соработката со руски граѓани или компании кои потпаѓаат под санкциите, како и од можната обврска да се откриваат информации кои тие ги сметаат за затворени.
Извор: САД ја притискаат ЕУ да го закопа проектот Северен тек-2
„Ова има далекусежни последици за низа компании и индустриски гранки. Тоа може да им нанесе штета на интересите на САД и да биде поволно за Русија“, смета извршниот директор на Американскиот институт за нафта Џек Џерард.
„Вол Стрит Џурнал“ претпоставува дека истапувањето на компаниите против новите санкции може да го отежне нивното усвојување.
Сенатот на САД на 15 јуни го усвои предлог-законот за нови санкции против Русија, но Конгресот на САД го запре разгледувањето на истиот, пишува „Взгљад“.