Украински амбасадор: Полска отвори втор фронт против Украина
Според Лубкивски, да се даваат такви изјави во услови кога Украина се спротивставува на „рускиот агресор“ е „во суштина, да се отвори втор фронт“, пренесува 112.ua.
Лубкивски ги нарече зборовите на министерот „недвосмислено непријателски гест кон Украина и мешање во внатрешните работи на Украина“.
Варшава: Украина „со Бандера“ нема да влезе во ЕУ
Министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски претходно испрати „јасна порака“ до Украина – ако земјата продолжи да го фали Степан Бандера, тогаш патот кон Европската Унија ќе ѝ биде забранет.
Во истиот дух изјави даваше и лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качињски.
Главниот украински идеолог, директорот на Институтот за национално сеќавање на земјата Владимир Вјатрович претходно изјави дека Украина нема намера да се откаже од Украинската востаничка армија.
Во меѓувреме, Украина ја слави 110-годишнината од раѓањето на воениот злосторник Роман Шухевич, учесник во масовни убиства на Полјаците, пишува „Взгљад“.