Медиум: две третини Руси сакаат да го видат Путин за претседател по 2018
Две третини од Русите би сакале да го видат Владимир Путин како претседател по изборите во 2018 година, велат резултатите од истражувањето на „Левада центарот“ на кои се повикува весникот „Ведомости“.
Според истражувањето, 66% од Русите би сакале да го видат Путин како шеф на руската држава по претстојните избори, 18% од испитаниците гледаат на таа функција друг човек, уште 16% од учесниците во анкетата не можеа да одговорат.
Зошто половина Руси сакаат четврти мандат за Путин
„Идниот претседател, кој и да биде, треба да спроведува пожестока линија во внатрешната политика, смета третина од Русите, на повеќе од 40% им одговара сегашниот курс и само 12% зборуваат за потребата од либерализација“, се вели во материјалот.
Што се однесува до надворешната политика, повеќе од половината Русија (56%) сметаат дека идниот претседател треба да се придржува до истата линија како и сега, 19% од испитаниците се залагаат за заострување на политиката спрема Западот, а 13% се за намалување на конфронтацијата.
Претходно Путин истакна дека е сѐ уште рано да се зборува за негово кандидирање на претстојните избори за претседател на РФ, пренесува РИА „Новости“.