Руски Ту-95МС извршија напад во Сирија со најнови крстосувачки ракети
Ова се вели во соопштението за медиумите на Министерството за одбрана на Русија што го пренесува RT.
„На 5 јули стратешките носачи на ракети Ту-95МС, кои полетаа од аеродромот Енгелс на територијата на Руската Федерација, реализираа лет со дополнување на гориво во воздух и извршија напад со најновите крстосувачки ракети Х-101 врз објекти на терористите на ИДИЛ на границата на провинциите Хама и Хомс (Сириска Арапска Република)“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека се уништени три складишта со оружје и муниција, како и команден пункт на терористите.
„Нападите со најновите високопрецизни ракети Х-101 се извршени од далечина од околу 1000 км“, прецизира рускиот одбранбен ресор.