Полски политичар: Трамп да ѝ каже на Русија „Рацете подалеку од Полска!“
Според полскиот политичар Михаил Камински, тоа се најважните зборови за Полјаците кои американскиот лидер едноставно е должен да ги изговори во текот на неговата посета.
Лавров: Властите на Полска и Литванија допуштаат русофопски дејствија
„Се надевам дека Доналд Трамп поради тоа пристигнува во Полска... во суштина, не за да ја поддржи партијата „Право и правда“ и така натаму, туку во некоја смисла да ги испере од себе сите негативности кои владеат во САД, по повод тоа дека Русите ја посакувале неговата победа“, изјави Камински во разговор за телевизијата N24.
Праша дали зборува за врските со Русија, Камински одговори:
„За тоа, дека Русите ја посакуваа неговата победа. Прашањето е: ако Русите ја посакувале неговата победа – а тие ја посакуваа – тогаш зошто ја посакуваа? Тие можеа да ја посакуваат поради сопствената глупавост, затоа што Русите не еднаш постапувале така во историјата. Не е важно. За мене најважно како за Полјак е пристигнувањето на Доналд Трамп, кој би им рекол на Русите овде, во Варшава: „Рацете подалеку од Полска!“, рече Камински, пренесува RT.