Захарова: Москва не сака Србија да биде ставена пред избор меѓу ЕУ и Русија
Коментирајќи ги зборовите на премиерот на Србија Ана Брнабиќ дека доколку Белград биде ставен пред избор меѓу врски со Русија или членство во ЕУ, тогаш тој ќе ја избере ЕУ, Захарова истакна дека „тоа е суверено право на Србија“.
Брнабиќ: Србија ќе ја одбере ЕУ пред Русија доколку биде присилена
„Но, ние искрено сакаме никој да не ја стави ни Ана, ни кого било друг пред избор или-или. Оптимално е да се биде и со едните, и со другите. Тоа е корисно и безбедно од гледна точка на сопствените интереси“, изјави портпаролот на МНР на Русија во интервјуто за српската агенција БЕТА.
Претходно Ана Брнабиќ исто така изјави дека ЕУ треба да има разбирање за блиските односи на Белград со Москва, пренесува RT.