Медиум: Вашингтон подготвен да го остави Асад на власт во Сирија
Согласно информациите на „Дејли Бист“, САД ќе се откажат од тезата за неопходното заминување на претседателот на Сирија Башар Асад од власт.
Покрај тоа, Вашингтон ќе се согласи на присуство на воена полиција на Русија во Сирија и поактивно ќе соработува со Москва за сириското регулирање.
Медиум: Тилерсон подготвен Русија да решава за судбината на Асад
Белата куќа има намера да го поддржи создавањето безбедносни зони во цела Сирија, пишува изданието.
Притоа САД планираат американските сили да не се обидуваат да влезат на територијата под контрола на сириските владини сили.
Меѓутоа и опозицијата според планот на САД ќе ја задржи власта на подрачјата кои се под нејзина контрола.
За основна цел се смета ликвидацијата на терористичката организација „Исламска држава“, пренесува „Взгљад“.