Видео: Путин и Трамп се ракуваа
Трамп и Путин се насмевнаа еден на друг, по што американскиот претседател со двете раце ја зеде десната рака на рускиот лидер и во знак на пријателство го потчукна по грб.
Поздравувањето го следеа претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и шефот на јапонската влада Шинзо Абе, пишува британски „Телеграф“.
За петок попладне се планирани првите билатерални преговори меѓу Путин и Трамп, пренесува „Взгљад“.