Навивачите го избраа најубавиот гол на Купот на конфедерациите
Голот на фудбалерот на репрезентацијата на Мексико Марко Фабиан на полуфиналниот натпревар на Купот на конфедерациите 2017 година, постигнат против екипата на Германија (1:4) е прогласен за најубав на турнирот, соопшти прес-службата на ФИФА.
За голот на мексиканскиот фудбалер Фабиан, кој тој го постигна во 89 минута со силен удар од далечина, гласаа 55% од испитаниците.
Второто место е за голот на Мексиканецот Раул Хименес со кој тој је затресе мрежата на Нов Зеланд (2:1), додека третото место навивачите му го доделија на Португалецот Рикардо Кварезма.
Купот на конфедерациите се одржа од 17 јуни до 2 јули во Москва, Санкт Петербург, Казан и Сочи. Во финалето репрезентацијата на Германија ја победи репрезентацијата на Чиле со резултат 1:0, пренесува newsru.com.