На Камчатка откриен непознат минерал
Минералот го доби името наталијамаликит (nataliyamalikite) - во чест на Наталија Малик, научен соработник на Институтот за вулканологоија на Далечноисточното одделение на РАН во Петропавловск-Камчатски.
Металот на иднината доаѓа од Сибир
Новиот минерал се формира во фумаролите - пукнатини во падините на вулканите преку кои излегуваат врели гасови со температура од 620-640° C. Пронајден е на камчатскиот вулкан Авачинскаја сопка. Од хемиска гледна точка наталијамаликит претставува талиум јодид. На австралискиот универзитет Монаш беа извршени истражувања на кристалната структура на минералот под електронски микроскоп со користење на австралиски синхротрон.
„Откривањето на нов минерал значи дека ние ќе бидеме во можност да разбереме подобро како металите се одвојуваат од изворите, сместени во длабочините на нашата планета и се концентрираат на мали нивоа за да формираат економски рудни наоѓалишта“, вели еден од авторите на студијата, професор на Универзитетот Монаш Џоел Бругер. „Тоа ќе ни даде уникатно разбирање за процесите што се одговорни за геохемиската еволуција на нашата планета“.
Минералот и неговото име неодамна беа одобрени од страна на Комисијата на Меѓународниот минералошка асоцијација за нови минерали и имиња на минерали, пренесува „Фебрас.ру“.