На СП 2018 навивачите ќе ги превезуваат автобуси КамАЗ без возач
На Светското фудбалско првенство 2018 година што ќе се одржи во Русија, ќе се користат пробни модели на патнички електрични автобуси без возач, проектирани од страна на стручњаците на научноистражувачкиот инженерски институт „НАМИ“ во соработка со компанијата „КамАЗ“. Ова на саемот „Иннопром“ во Екатеринбург го соопшти заменик-генералниот дирекотр на „НАМИ“ Алексеј Гогенко.
„На саемот „Иннопром“ презентираме пробен модел на електроавтобус. Во тек е фазата на тестирање на возилото во фабриката, работиме на алгоритам кој треба да обезбеди овие беспилотни возила да бидат безбедни за транспорт на луѓе. Научноистражувачката инженерска компанија одговара за дизајнот и развојот, а КамАЗ за призводството“, изјави Гогенко, пренесува newsru.com.
Една од најголемите фабрики за производство на камиони во светот
Според него, главната цел на проектот е превоз на навивачи, туристи, работници во претпријатија и канцелариски центри. „Следната фаза е создавање на неколку прототипови кои треба да бидат користени на Светското првенство во фудбал. Тоа ќе бидат унапредени модели“, изјави Гогенко.
Компанијата „КамАз“ заедно со „НАМИ“ планира да почне сериско производство на беспилотни автобуси. Тие имаат електромотор, максималната брзина им е 60 километри на час. Можат автоматски да се движат по патишта на кои има сообраќајна сигнализација.