Во московското метро премиера на новата сезона на „Игра на тронови“
Ноќта меѓу 17 и 18 јули во една од станиците во московското метро ќе се прикажува првата епизода од новата сезона на серијата „Игра на тронови“, изјавија од прес-службата на метрото за „Интерфакс“.
Комик Кон
„За првпат во историјата премиерата на серијата ќе се одржи под земја. Таа ноќ гостите на уникатниот настан ќе се префрлат во бајковитиот Вестерос, каде ќе можат меѓу првите да ја гледаат на големиот екран првата епизода од седмата сезона“, изјави соговорникот на агенцијата.
Во холот на станицата гостите ќе ги пречекуваат актери во ликот на Белите талкачи, а на перонот ќе биде поставена копија на железниот престол на кој ќе можат да се фотографираат сите.