Ученик од Русија победи на меѓународна олимпијада по хемија
Првото место на 49 Меѓународната олимпијада по хемија го освои московскиот ученик Александар Жигалин, објави прес-службата на Министерството за образование и наука на Русија. Руската екипа од четири претставници освои две златни и две сребрени медали.
Александар Жигалин е ученик на Пироговската школа во Москва, соопшти прес-службата. Тој не само што освои златен медал, туку е и апсолутен победник на натпреварувањето кое во петокот заврши на Тајланд, пренесува „Интерфакс”.
Каде и што студираат странците во Русија?
Златен медал исто така доби и Руслан Котљаров од Казањ, две сребрени медали освоија Екатерина Жигалева од Тјумен и Кирил Козлов од Москва.
Екипата ја подготвуваа деканот на Факултетот за хемија при МГУ „Ломоносов” академик Валериј Лунин и доцентот на МГУ Илја Глебов, кој пред неколку години и самиот освои златен медал на оваа олимпијада.
Министерката за образование и наука на Русија Олга Василева ѝ честиташе на екипата, истакнувајќи дека сите претставници на Русија се враќаат дома со медали „и така уште еднаш го докажуваат високото ниво на руската хемиска школа”.