Путин ја поддржа идејата за вклучување на студенти во „Силата на Сибир“
Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека со раководството на „Гаспром” ќе разговара за можноста во изградбата на гасоводот „Силата на Сибир“ да се вклучат студентските работни одреди.
„Ќе разговараме со раководството на „Гаспром“, изјави Путин на состанокот со учесниците на работните одреди, одговарајќи на молбата која му беше упатена по тој повод.
Координаторот на работните одреди на Белгородската област Олег Горшков му рече на шефот на руската држава дека студентите кои се членови на работните одреди веќе работеле на објекти како што се Керченскиот мост и космодромот „Восточни“. Тој изјави дека студентите би сакале да се вклучат и во други големи проекти, како што се изградбата на гасоводот „Силата на Сибир“ и автопатот „Таврида“, пренесува „Интерфакс”.
Путин сака Русите да живеат 4 години подолго
Путин го поддржа овој предлог: „Зошто да не“.
Студентските одреди во Белгородската област бројат преку 1500 членови. Во последно време имаат учествувано во изградбата на железничката инфраструктура на Кримскиот мост, во изградбата на космодромот „Восточни“, федералната траса М-11, Ленинградската атомска централа бр. 2 и Белоруската атомска централа. Просечната плата на еден студент од работните одреди последнава година е зголемена за 30% и изнесува преку 20 илјади рубли месечно (околу 300 евра).