Захаров и Кузнецов освоија злато на Светското првенство
Скокачите во вода Иљја Захаров и Евгениј Кузнецов го освоија златниот медал на Светското првенство во Будимпешта во скок во вода од штица од три метри. Руското дуо освои 450.30 бодови. За обајцата ова е прво злато освоено на Светско првенство.
„Многу години се стремевме кон денешната победа и неколку пати запиравме на чекор од златото, но успеавме да станеме светски шампиони токму во синхронизиран скок“, изјави 27-годишнишниот Кузнецов, пренесува newsru.com.
„Многу сум задоволен зашто сега ги имаме сите медали“, изјави 26-годишниот Захаров. „За ова сонувавме уште како деца, од 12-13 години, откако почнавме да скокавме. Имаше периоди кога нè раздвојуваа, а ние се боревме да скокаме заедно. Ни велеа дека не треба да настапуваме заедно, но ние инсистиравме на тоа.
Второто место го зазедоа Кинезите Се Си и Цао Јуан (443.40 бодови), а бронзата ја зедоа Украинците Олег Кологиј и Иљја Кваше (429.99). Светско првенство во водени спортови ќе трае до 30 јули.