Руски експерт го коментира ласерското оружје што го тестираа САД
„Ласерското оружје, распоредено на морски платформи, е високо зависно од условите на животната средина - во услови на морска магла, бранови, врнежи, можностите за прецизен погодок се намалуваат за неколку пати. Тоа може да работи во услови на апсолутно идеални атмосферски услови. Можеме да зборуваме за неутрализирање на некои објекти на оддалеченост од максимум неколку километри. Станува збор за експериментални испитувања“, изјави Коротченко, пренесува RT.
Новото ласерско оружје на САД: од што да се плашат Русија и светот
Тој истакнува дека ласерските топови се витално зависни од обезбедената моќност, затоа е крајно проблематично да бидат распоредени на реални бојни бродови, каде е неопходно да се обезбеди енергија за работата на другите системи.
„Или моќноста ќе паѓа, или дострелот ќе паѓа. Затоа засега можеме да кажеме дека тоа на никаков начин не претставува закана за капацитетите на нашата Воено-поморска флота“, заклучува експертот.
Претходно Воената морнарица на САД тестираше ласерско оружје во Персискиот залив.