Медиум: Во Русија ќе се појави државен фонт
Според информациите на весникот „Известија“, фонтот ќе биде задолжителен за употреба на сајтовите на сите федерални институции, на регионалните и на општинските интернет-ресурси.
Фонтот Times New Roman во Русија се најде под санкции
Се истакнува дека новиот фонт ќе биде дел од концептот за префрлување на сајтовите на државните органи на еден заеднички дизајн, над кој работат во моментов Министерството за комуникации и врски и Институтот за развој на интернетот (ИРИ).
Основен претендент на статусот државен фонт е RF Sans од московската компанија AIC, на која ѝ помагаат компанијата „Паратајп“ и креаторот на тековната верзија на сајтот Kremlin.ru „Лабораторијата на Артјом Гелер“.
Претходно беше соопштено дека државните сајтови во Русија ќе добијат единствен дизајн, пренесува RT.