Рускиот „Прогрес МС-05“ потопен на „гробиштата на вселенските бродови“
Како што соопшти претставникот на Центарот за контрола на летање, „Прогрес МС-05“ „го заврши својот лет“. Во густите слоеви на атмосферата „се случи уништување на конструкцијата“, фрагментите кои не изгореа паднаа во океанот, пренесува „Взгљад“.
Русија лансираше ракета со рекорден број на сателити
„Прогрес МС-05“, лансиран од космодромот Бајконур, успешно влезе во орбитата и се спои со Меѓународната вселенска станица во февруари. Лансирањето на „Прогрес МС-05“ беше последно за ракетата-носач „Сојуз-У“.
Во јуни од космодромот Бајконур беше лансирана ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот товарен брод „Прогрес МС-06“.