Путин им ја честиташе победата на „КАМАЗ“
Соопштението е објавено на сајтот на Кремљ, пренесува „Вести.ru“.
„Од сѐ срце ви го честитам триумфалниот настап на Меѓународното рели „Патот на свилата“ 2017 година“, се вели во текстот.
Што им помага на Русите да победуваат на Дакар?
Претседателот на РФ ѝ посака на екипата на Дмитриј Сотников нови достигнувања и изрази увереност дека „таквите прекрасни проекти придонесуваат за развој на меѓународната хуманитарна соработка, јакнењето на пријателството и меѓусебното разбирање“, пренесува телевизијата „Русија 24“. Путин, исто така, ја истакна одличната работа на организаторите на натпреварувањето.
Официјалниот финиш на релито ќе се одржи во сабота, 22 јули, во кинескиот град Ксиан.