Командантот на ВКС зборуваше за разработката на воените конвертоплани
„Работите во Русија течат во сите насоки – и малите, и средните, и големите беспилотни летала, и конвертопланите“, изјави Бондарев, пренесува „Взгљад“.
На МАКС-2017 ќе биде презентиран беспилотен конвертоплан
Тој истакна дека беспилотните летала во иднина се предвидени да бидат вградени во единствен систем за управување, а ќе работат во „јато“, што значитечно ќе ја направи поевтина обуката за операторите на беспилотните летала. Тој истакна дека е поскапо да се обучи пилот отколку „да се стави во авионот добар автопилот“.
Ако сега еден оператор може да управува со едно-две беспилотни летала, со текот на времето, со развојот на копнената компонента тој ќе може да управува со пет, па и со десет апарати“, рече Бондарев, истакнувајќи дека токму поради тоа ќе биде поевтино.
На 18 јули холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России) соопшти дека новиот руски конвертоплан VRT300 ќе влезе во сериско производство во 2018 година.