Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июль
2017

Животот и авантурите на едно семејство во тајгата

0

Елена Беседина

Запознајте ја Елена Беседина од Сибир. Таа е патувачки уметник, фотограф, сопруга на патешественик и мајка на две деца. Семејството живее во мала дрвена куќа во густата шума во тајга во Јакутија на повеќе од 7.700 километри од Москва.

Елена Беседина

Пред Елена да го сретне својот сопруг, таа живее и работи во Чељабинск, на Урал, но двојката одлучила да го промени радикално животот и тие се откажуваат од градскиот живот, за да заживеат како номади.

Елена Беседина

„Обично сопругите на страсните патници ги гледаат мажите двапати во годината или дури еднаш на две години. Тие ги чекаат љубените да се вратат дома од далечни патувања и често им е здодевно и, се разбира, тие често се загрижени. Ние одлучивме да го решиме овој проблем на посебен начин – го зедовме целото семејство на нашата авантура“, пишува Елена во блогот „Жена од тајгата“.

Елена Беседина

На сопругот на Елена, Акбуре, му биле потребни само три недели за да изгради шестоаголна дрвена куќа за семејството среде шумата. Непотребно е да се споменува дека неговата сопруга многу се гордее со него. Тајгата може да биде многу романтично место благодарение на стотиците можности да покажете од што всушност сте направени.

Елена Беседина

Оваа семејна авантура започнува пред три години во Сибир, од Краснојарскиот крај на речиси 3.050 километри од Москва. Следната станица е руската република Саха, позната уште како Јакутија. Семејството живее со ирваси во тундра, патува по познатата планина „Ленски столбови“, која е заштитена од УНЕСКО, ја слави Новата година во текот на летото и дури посетува некои од највисоките планини во регионот. Авионите се пред останатите возила, кога возовите запираат, а илјадници километри се пресечени од вода и покриени со каливи патишта.

Елена Беседина

Јакутија е земја на легенди; доволно е човек да го погледне планинскиот срт Саркичан. Локалните луѓе веруваат дека ако тука зачнат дете, таа или тој ќе стане суперхерој. Па, добро, ако некогаш посакате да ги видите овие планини, само сетете се дека Саркичан е едно од најопасните места на светот и царство на непредвидлив хаос. Во зима тука владее исклучителен студ и кога сонцето почнува да ги загрева карпите напролет, се појавуваат безброј свлечишта. Тие не запираат додека температурите повторно не паднат под нулата. А, згора на тоа, во текот на летото поројните дождови исто предизвикуваат свлечишта.

Елена Беседина

Зимите тука се долги, а температурите се далеку под нулата.

Елена Беседина

Сепак животот во Јакутија е бајка: можете да одите на училиште, да јавате северен елен, исто како во „Замрзнатото Кралство“ на Дизни. „Се разбира, јас исто така јавам елен“, раскажува Елена. „Прво паднав неколку пати од седлото, а имав и многу падови со еленот во снегот. Дури изминав 100 метри, во кои еленот ја следеше насоката која сакав, само што тоа беше 80 степени во спротивна страна. Но, сепак тоа не се 180 степени , разбирате што сакам да кажам, нели?“

Елена Беседина

Можете ли да претпоставите каде брзаат овие ирваси? Кон утринскиот солен појадок, се разбира! Солта е суштински елемент за правилен метаболизам. Предаторите ја добиваат од крвта на својот плен, но во растителната храна која ја јаде еленот, нема никаква сол, затоа тие сакаат да лижат коцки од сол.

Елена Беседа

Во Јакутија рибата расте на дрвјата и секој ден треба да се бере како што Елена тоа го прави во текот на зимата: Го берам овој „букет“ речиси секој ден, на истото место кадешто земам вода. Колку повисоко е сонцето, толку позабавно е да „се собира“ риба околу дупката во мразот. Понекогаш ги разбирам сите оние мажи кои прават шатори околу дупката, носат пренослив шпорет и си варат чај. Еден ден и јас без сомнение ќе го направам тоа, пишува Елена.

Елена Беседина

Кога живеете во Сибир, една борова шишарка може да се претвори на магичен начин во сладок вкусен десерт со сурова арома на тајга. „Нашите вечери, ручеци и мезиња може да направат секој страстен љубител на здравата храна да позеленее од завист“, вели Елена.

Елена Беседина

Децата растат меѓу дивината и имаат неверојатно детство. Нивните најдобри пријатели се елените и кучиња и тие можат слободно да истражуваат сè, а нивно игралиште е целиот Сибир.

Балкански стереотипи за Русинките: Што е мит, а што вистина?

„Целта на патувањето е да не се закотвувате на едно место и да не се ограничувате со секојдневниот удобност, вие сте слободен странственик. И како странствувачки господар на својот живот, можете да го заработите лебот свој и во степите на Украина, и во планините на Кина и дури среде океанот“, пишува Елена.

Таа признава дека понекогаш не е лесно. И „не е лесно“ не значи дека немате доволно пари за да отидете во ресторан или да се купи нова дреболии. Патувањето во дивина со две мали деца не е пикник. Елена вели: „Ние ги спечаливме сателитскиот Интернет и соларните панели со свој труд и секој член на нашиот мал тим го има вложено најдоброто од своите вештини. Сигурно знам дека ќе преживееме и дека при секоја ситуација ќе се прилагодиме насекаде, ќе ги затегнеме ремените, кога ќе дојдат тешки времиња, и тогаш ќе бидеме среќни што сме се справиле сами со сето тоа. Ќе станеме посилни, понезависни и дури ќе постигнеме нешто повеќе.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Джиган

Джиган и Самойлова исполнили мечту «диско-бабушки» из Коми




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча


Анна Курникова

Курникова показала трогательные фото Энрике Иглесиаса



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Архангельск

Актера Игоря Меркулова похоронят на Николо-Архангельском кладбище



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России