Видео: Кој беше побрз меѓу МиГ-29 и Ауди на МАКС-2017?
Во рамките на 13 Меѓународен авиосаем МАКС-2017 се одржа фестивал на брзината „Автомобили vs авиони“, на кој гледачите може да видат трка меѓу авиони-ловци и спортски возила од различни категории.
На пистата се одржа натпревар во брзина меѓу МиГ-29УБ и спортски болид „Ауди“ R8 од Формула 1.
Саемот се одржуваше од 18 до 23 јули во подмосковскиот град Жуковски, пренесува РИА „Новости“.