Видео: Мајсториите на Су-35
Авионот од генерацијата 4+++ јасно ги покажува своите способности. Покрај камбаните, мртви и косите јазли и другите вообичаени акробации, суперманеварскиот ловец ги покажа и „Кобрата на Пугачов“, „јаворовиот лист“ и други трикови поради кои другите авиони едноставно би се распаднале во воздух доколку би ги изведувале. Особено спектакуларен е маневарот во 3:40 минута од видеото каде 25-тони тешкиот ловец како хеликоптер прави неколку вртења во место.
На 5:38 минути пилотот ја изведува „Чакрата на Фролов“, при која за пилотот се чини како да не важат законите на инерцијата, гравитацијата и физиката.
Според магазинот „Национален Интерес“, најопасно руско конвенционално оружје е токму ловецот Су-35.