Порошенко измисли „Рус-Украина“ и „европски избор“ на кнезот Владимир
Како што напиша Порошенко на својот „Фејсбук“ во петокот, честитајќи им го празникот на Украинците, Владимир Велики пред 1029 години донел судбоносна одлука – да ја покрсти Рус-Украина.
Порошенко рецитира руски класици по повод безвизниот режим со ЕУ
Според зборовите на Порошенко, Владимир ја примил христијанската вера од Константинополската црква, која „за нас и сега претставува Црква-Мајка“.
„Токму од неа очекуваме признавање на автокефалноста на украинската Црква – еднаква на другите помесни православни цркви. И, се разбира, духовно и административно независна од Москва, од земјата-агресор“, изјави Порошенко, пренесува „Взгљад“.
На крајот на честитката претседателот на Украина не заборави уште еднаш да изјави дека „изборот на христијанската вера од страна на кнезот Владимир бил и европски избор“.