Руските ловци од шеста генерација ќе можат да прават „радиофотографии“
Ова го соопшти советникот на првиот заменик-генерален директор на концернот „Радио-електронски технологии“ (КРЕТ) Владимир Михеев.
КРЕТ развива за најновите ловци радиофотонски локатор. Стручњаците веќе имаат експериментален примерок и сега работат на целосниот изглед. Михеев потенцира дека новиот радар значително ќе ги надмине сите постоечки радарски станици (радари) по моќ и опсег.
Какви ќе бидат авионите од шестата генерација во САД и Русија?
„Радиофотонскиот радар ќе може да види, според нашите проценки, значително подалеку од постојните радари. Бидејќи ќе го изложуваме непријателот на невидено широк фреквентен опсег, со највисока прецизност ќе ја дознаеме неговата позиција во просторот и по обработката ќе добиеме речиси фотографска слика - радиовизија“, раскажа Михеев.
Претходно беше објавено дека ловецот од шеста генерација ќе биде во две верзии - со екипаж и беспилотна. Тие ќе се разликуваат не само според оружјето и опрема, но исто така и однадвор. Беспилотните ловци ќе можат да бидат вооружени со електромагнетски топови, да летаат со хиперсонична брзина и да летаат во поблиската вселена. Ќе имаат маневарски способности какви што ќе немаат пилотираните авиони, пишува „Известија“.