Повеќе од 1500 парови ќе се венчаат во Москва на Денот на градот
„По повод одбележувањето 870 години на Москва, матичните служби во рускиот главен град ќе венчаат повеќе од 1500 парови. Годинава свечените церемонии ќе се одржат на 8 и 9 септември.Тие денови во матичното ќе се слушне химната на градот“, се наведува во соопштението на порталот на градоначалникот на Москва, пренесува ТАСС.
p ">Москва на 9 и 10 септември одбележува 870 години од првото споменување на градот во историските извори. Прославата ќе се одржи под мотото „Москва- град во кој се создава историја“. Се планира целиот град да биде уреден во стилот на руската авангарда, а од 1 до 10 септември ќе се одржи фестивалот „Јубилеј на Москва“. Вечерта на 9 септември во рускиот главен град ќе се одржи голем огномет од 13 локации.