Русија доживува театарски бум
Министерот за култура на Русија Владимир Медински соопшти дека Русија доживува театарски бум.
„Во нашата земја гледаме фактички театарски, концертен и филхармониски бум“, изјави министерсто за култура на состанокот на претседателот на Русија Владимир Путин со членовите на руската влада, пренесува „Газета.ру“.
https://mk.rbth.com/arts/2017/06/19/5-ruski-filmovi-koi-ne-treba-da-gi-propushtite-ova-leto_785742
Според Медински, посетеноста на домашните театри надминала 38 милиони луѓе, што претставува апсолутен рекорд од 1991 година.
Како што истакна министерот, за истакнување е и апсолутниот рекорд во посетеност на домашните кина до 1991 година.
Претходно Медински изјави дека вонбуџетските приходи на домашните театри пораснале за 69% во последните пет години.