„Катјуша“ стана химна на армиските игри АрМИ-2017 во Кина
„Во текот на церемонијата на отворањето на игрите на полигонот „Корла“ во Шинтјан-Ујгурскиот автономен реон на Кинеската Народна Република „Катјуша“ на руски јазик ја исполнија солистите на Ансамблот на песни и танци на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Се истакнува дека повеќе од пет илјади кинески гледачи стоејќи потпевнувале заедно со руските изведувачи.
Се прецизира дека специјално за колегите од Кина руската екипа на меѓународното натпреварување „Мајстор-оружар“ ја научила и на кинески јазик. На завршниот гала-концерт песната не само што ќе стане химна на третите Меѓународни армиски игри, туку и симбол на меѓународната соработка.