Во Хабаровскиот крај пронајдена грутка злато тешка над десет килограми
Грутка злато тешка 10,3 килограми е пронајдена во Николаевскиот реон на Хабаровскиот крај, соопшти министерството за природни ресурси на регионот.
„Грутка злато со тежина од 10,3 килограми е откриена од булдожерист при рамнење на јаловиштето во рудникот „Зарја“ на потокот Заманчиви. Грутката според тежината е најголемата од претходно откриените на територијата на Хабаровскиот крај“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Се истакнува дека во 2011 година во рудникот „Восток“ беше пронајдена грутка злато тешка 7,5 килограми.
Злато во безнадежно место во Русија