Командантот на ВДВ ја поврзува традицијата на капење во фонтани со Илинден
Командантот на Воздушно-десантните сили на Русија (ВДВ) генерал-полковник Андреј Сердјуков изјави дека традицијата на капењето на војниците на ВДВ во фонтаните на нивниот професионален празник може да биде поврзана со празнувањето на Денот на Илија-пророкот (Илинден), пренесува „Росијскаја газета“.
Прирачник за преживување: Денот на ВДВ
„Официјална верзија од каде дошло „капењето во фонтаните“ нема. Можно е тоа да е поврзано со Илинден, кој е заштитник на ВДВ. Покрај тоа, во Русија 2 август се сметал за последниот ден на летото за удобно капење“, изјави Сердјуков.
Тој исто така повика да не му се посветува многу внимание на „пливањето“ и да не се известува нашироко во медиумите за „граѓани кои премногу се опуштиле во шетањето“.
Претходно беше соопштено дека во Москва ќе биде ограничена продажбата на алкохол на Денот на ВДВ, пишува „Газета.ру“.