Путин со честитка по повод Денот на ВДВ
„Денеска ги чествуваме храбрите, силните по дух луѓе – оние, кои на повикот на срцето ја избраа за себе тешката, но одговорната и почесната служба во ВДВ“, се вели во честитката на Путин објавена на сајтот на Кремљ.
Претседателот истакна дека десантните единици најмногу од сѐ ги ценат законите на борбеното братство и заедно со другарите секој момент се подготвени да застанат во одбрана на Татковината.
85 години руска воздушно-десантна војска
„И се разбира, најискрени зборови на благодарност до ветераните од десантните единици. Со нивната храброст и јунаштво се создаваше историјата на легендарната „крилеста пешадија“, додава рускиот претседател.
Путин ја истакнува и сегашната генерација војници и офицери кои грижливо ги чуваат традициите на своите претходници и се справуваат со поставените задачи.
Денот на Воздушно-десантните сили во Русија се одбележува на 2 август врз основа на указот на претседателот на РФ од31 мај 2006 година, пренесува „Взгљад“.