Фестивалот „Московско лето. Цветен џем“ го посетија над седум милиони луѓе
Фестивалот се одржуваше од 20 јули на повеќе од 40 локации. Главните теми на летниот фестивал беа слатките и цвеќето. Покрај тоа, во рамките на уличните манифестации се одржуваа натпревари на слаткари за креирање рецепт за брендирани бонбони „Москва“.
„Локациите на летниот фестивал ги посетија 7 милиони и 200 илјади луѓе“, изјави заменик-градоначалникот на Москва за економска политика и имотно-земјишни односи Наталија Сергунина на затворањето на манифестацијата во неделата.
Таа истакна дека посетителите купиле повеќе од 2 милиони порции сладолед и 215 илјади тегли слатко.
7 работи кои треба да ги видите на Црвениот плоштад освен мавзолејот
Во рамките на „Цветниот џем“ јавните простори на Москва беа украсени со проектите на финалистите на меѓународниот натпревар за урбан дизајн на пејзаж – најголемиот од сличните настани кои се одржуваа во Москва. Од 20 јули жителите и гостите на главниот град можеа да се восхитуваат на уникатните композиции од цвеќе, грмушки и други растенија од водечките руски и меѓународни дизајнери за пејзаж.
Своите работи ги претставија мајстори од пет земји: Италија, Франција, Велика Британија, Белорусија и Русија.
Според Сергунина, паралелно со најдобрите руски и меѓународни пејзаж-дизајнери, можност да го украсат градот според својот вкус имаа и обичните Московјани. Повеќе од илјада граѓани учествуваа во аматерска конкуренција за цветни композиции на 11 фестивалски локации. При создавањето цветни ремек-дела на кандидатите им помагаа пријатели и роднини. Многумина дојдоа со своите семејства. Само за декорација на цветните леи беа употребени речиси 14 илјади живи растенија.
Таа, исто така, истакна дека одржаниот летен фестивал е концептуално нов настан кој има за цел да ја открие оригиналноста и посебноста на вообичаените урбани јавни простори, пренесува РИА „Новости“.