Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2017

3 мистериозни тајни на КГБ кои се чуваат во руските архиви

0

Според законите на Руската Федерација податоците во државните архиви не можат да бидат под печатот на државна тајна повеќе од 30 години. Но, како што изјави во емисија на радиостаницата „Ехо Москви“ историчарот Сергеј Кудрјашов, за пролонгирање на статусот на државна тајна не е предвидена никаква казна, така што многу државни агенции и понатаму не ги отвораат своите архиви.

Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследничка на ПГПУ, НКВД и КГБ, не е исклучок во тоа. Таа сè уште чува голем број тајни кои се поврзани со делувањето на советската разузнавачка служба, и државата не прави никакви напори да ги обелодени. Еве неколку најинтересни случаи.

Судбината на Раул Валенберг

Getty Images

Шведскиот дипломат Раул Валенберг работел во Унгарија во периодот од 1944 до 1945 година, во последните години на Втората светска војна. Во заложбата да спаси што повеќе животи, Валенберг на луѓето со еврејско потекло им давал шведски пасоши и ги криел прогонетите во куќите што ги користела амбасадата. На овој начин тој спасил илјадници луѓе од смрт, така што Евреите денес го сметаат Валенберг како еден од најпознатите „праведници меѓу народите“.

До неговата трагична средба со советските агенти дошло на почетокот од 1945 година кога советските сили ја држеле под опсада Будимпешта. Валенберг го посетил маршалот Радион Малиновски кој раководел со акцијата за ослободување на Будимпешта, и тогаш го уапсиле припадниците на контраразузнавачката служба СМЕРШ и го обвиниле за шпионажа. Потоа никој повеќе не го видел Валенберг.

Најди и ликвидирај: 3 советски непријатели на мета на КГБ

Советскиот министер за надворешни работи Анатолиј Громико во 1957 година му врачил на шведскиот амбасадор документ кој упатува на тоа дека Валенберг починал во 1947 година од инфаркт. Се претпоставува дека го држеле во московскиот затвор на Лубјанка. Тогаш Советскиот Сојуз за првпат признал дека Валенберг починал во Москва, но причината за смртта до денешен ден не е во целост разјаснета. Според официјалните извори, извештаите од сослушувањето исчезнале.

Многумина се сомневале во веродостојноста на документот кој го предал Громико. Имало многу „сведоци“ кои тврделе дека Валенберг е сè уште жив во текот на педесеттите години од минатиот век и дека се наоѓал во советски концентрационен логор, или дури дека успеал да избега. Дури во 2016 година шведската влада официјално објави дека Валенберг е мртов. Неговото семејство на 26 јули поднесе тужба против Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, барајќи пристап до документите поврзани со смртта на Валенберг.

Смртта на Берија

Извор: AP

Лаврентиј Берија, раководител на НКВД од 1938 до 1946 година, меѓу другото бил надлежен и за реализација на советската нуклеарна програма. Неговиот случај нема ништо заедничко со Раул Валенберг, освен тоа што советските тајни служби се вмешани и во неговата смрт. На Берија му се препишуваат многу интриги и крвави репресии. По смртта на Сталин во 1953 година тој доживува пораз во борбата за власт со другите советски лидери (Маленков и идниот генерален секретар Никита Хрушчов). Тоа бил крајот и на неговата кариера и на неговиот живот.

Големите уши на СССР

Берија е обвинет за шпионажа во корист на Велика Британија и за фалсификување на многу кривични постапки. Осуден е на смрт на 23 декември 1953 година и истиот ден бил егзекутиран. Барем така гласи официјалната верзија. Некои историчари, сепак, веруваат дека немало никаков судски процес и дека семоќниот раководител на тајната полиција едноставно е уапсен и стрелан истиот ден (26 јули 1953), и дека неговите ривали го фабрикувале целиот случај за овој потег да го прикажат како легитимна акција.

Оваа верзија е прикажана во документарниот филм „Лаврентиј Берија. Ликвидација“ снимен во 2014 година. Тој се засновува на фактот дека секој советски лидер кој бил вмешан во апсењето на Берија (Хрушчов, Маленков и други) го опишал настанот поинаку од останатите. Никој никогаш не споменува каде точно е убиен и погребан Берија. Смртта на еден од најконтроверзните соработници на Сталин сè уште е прекриен со превезот на тајната. Дури и кога неговите поранешни колеги од советските тајни служби би ја знаеле вистината, никогаш не би ја обелодениле.

Чекистите и мистиката

Извор: Архивa

За разлика од тајните служби на Хитлер во кои неколку единици се занимавале исклучиво со паранормални појави  (Ahnenerbe), советската разузнавачка служба главно била скептична кон мистицизмот. Верувањата во натприродни појави се третирани како бесмислени, и згора на тоа, како антимарксистички. Од друга страна, имало и некакви исклучоци.

Еден од нив бил и Глеб Бокиј, агент на ЧЕКА и ОГПУ (различни називи на една иста советска тајна полиција) од 1921 до 1934 година. Покрај тоа што бил основач на системот на советските концентрациони логори, Бокиј исто така се интересирал и за паранормални појави и контактирал со мистичарите во специјалното одделение на ОГПУ со кое раководел.

Аверзија кон фактите: Кои се вистинските размери на Сталиновиот терор?

Тој заедно со окултистот Александар Барченко дури и се обидел да организира советска експедиција на Тибет во потрага по легендарната земја Шамбала. Но, властите сметале дека ваквата експедиција е напразно трошење време и пари, така што се откажале од проектот. И Бокиј и Барченко се стрелани во чистките кон крајот на триесеттите години од минатиот век.

Оттогаш НКВД, КГБ и другите советски тајни служби негираат учество во што и да е поврзано со паранормални појави. Од друга страна, и во Русија, како и на други места, постојат луѓе кои веруваат во натприродни појави и се сигурни дека постојат затворени архиви преполни со информации за дојденци од други планети, древни мистерии и останати манифестации за „другата страна“.





Губернаторы России
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Фёдор Шаляпин

«Всю жизнь я зарабатывал пением и… легким аферизмом». Прохор Шаляпин раскрыл источники дохода в шоу «Вкусно с Анфисой Чеховой» на ТВ-3    




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


Людмила Самсонова

Людмила Самсонова не отдала голландскую траву // Она продолжила серию российских побед на теннисном турнире в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

По каким признакам можно распознать машину-«утопленника»: лайфхак



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России