Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Август
2017

3 години „војна со санкции“: Победува ли Русија?

0

Пред три години Русија воведе ембарго на увоз на прехранбени производи од Европската Унија, Северна Америка, Австралија и многу други земји како одговор на западните санкции. Забранет е увозот на говедско, свинско, пилешко, риба, сирења, млеко, овошје и зеленчук. Дали ембаргото ѝ донесе на Русија корист или штета?

Високи цени

Владимир Астапкович / РИА Новости

Забраната предизвика скок на цените на прехранбените производи, а тоа понатаму предизвика уште поголема инфлација. Секако, главна причина за инфлацијата е девалвацијата на рубљата до која дојде во декември 2014 година, но скокнаа и цените на домашните прехранбени производи, пресмета руската редакција на Би-Би-Си. Новинарите тврдат дека потрошувачката кошничка на московјаните сега е повисока за 69% за разлика од август 2014 година. Од друга страна Министерството за економски развој соопштува дека просечните цени од август 2014 година се покачени за само 32%.

„Негативниот ефект е намалената стоковна размена во руската економија, зашто поголем дел од приходите се троши на храна, а со самото тоа многу помалку средства се издвојуваат за други видови стоки и услуги“, вели Даниил Кириков, авторизиран партнер на групацијата Kirikov Group.

Ограничен избор

Ембаргото очигледно го ограничи изборот на прехранбени производи на домашниот пазар. Европското овошје и зеленчук беа заменети со стока од Турција, Египет, Мароко и десетина блискоисточни земји. Европската храна со висок квалитет, како што се италијанскиот кашкавал и шпанската пршута и синото сирење е заменето со слична стока од руско или од белоруско производство, иако прашање е колку тие се навистина слични според квалитетот.

Извор: Getty Images

„Во овој момент може да се каже дека ембаргото на храна придонесе за поголема популарност на руските прехранбени производи, но намалувањето на приходите на населението го забави овој процес“, вели Артјом Деев, водечки аналитичар на брокерската компанија „Amarkets“.

Преродба на малите земјоделски стопанства

Руската влада го искористи ембаргото како протекционистичка мерка во полза на домашните производители кои го форсираа развојот на малите земјоделски стопанства во Русија во согласност со државната програма за евтини кредити до 250.000 американски долари (15 милиони рубли) воведена во 2012 година за почетниците. Банката „Россељхозбанк“  која соработува со руското Министерство за земјоделство соопштува дека малите и средните земјоделски добра во 2016 година добиле над 9.200 кредити во вкупна вредност од 191.5 милијарди рубли, а тоа е повеќе одошто е издвоено за овие потреби во 2015 година (тогаш земјоделците добија 183.7 милиони рубли), велат од информативната служба на банката.

Извор: Виталиј Тимкив, ТАСС

„Сега на земјоделските производители им е потребно извесно време да ги вратат кредитите што ги зедоа, да остварат профит и да продолжат со производство без опасност да го изгубат пазарот, но траењето на ембаргото треба да биде ограничено и да се засновува на политиката на цени, на финансиските показатели и на економската состојба“, вели Пјотр Пушкарјов, главен аналитичар на групацијата „TeleTradeGroup“.

Стаклениците работат сè подобро

Благодарение на санкциите и на програмата за државна поддршка на земјоделците инвестирањето во стаклениците е сè попопуларно во руските бизнис-кругови, па дури и во круговите на политичката елита.

Извор: Донат Сорокин, ТАСС

На пример, Аркадиј Абрамович, син на милијардерот Роман Абрамович (кој со капитал од 7.6 милијарди долари е на 13 местото на списокот на руски богаташи на Форбс), одлучи да одгледува домати и краставици во Белогородската област, на границата со Украина (720 километри јужно од Москва). Тој на крајот од 2015 година ја основаше компанијата „Гринхаус“ која се занимава со одгледување зеленчук. И помладиот син на рускиот јавен обвинител Јуриј Чајка, Игор, одлучи да инвестира во земјоделскиот сектор. Тој во март 2016 година ја основаше компанијата „Агро-Регион“ која исто така се занимава со одгледување зеленчук.

Според податоците што ги изнесува руското Министерство за земјоделство, приносите на домати и на краставици во руските стакленици во јули 2017 година пораснале за 19.8% (тоа е вкупно нешто повеќе од 570 тони) во однос на јули 2016 година.

Децата на руските олигарси и службеници инвестираат во земјоделството





Губернаторы России
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Сергей Рахманинов

Концерт “Рахманинов под небом”




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


Людмила Самсонова

Людмила Самсонова не отдала голландскую траву // Она продолжила серию российских побед на теннисном турнире в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Новости 24 часа

СЕНСАЦИОННЫЙ ДОКЛАД ПРО ДЕЛО СКРИПАЛЕЙ, САФРОНОВА, ГОЛУНОВА.



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России