Кремљ објави целосна верзија од риболовот на Путин во Сибир
Како што се вели во соопштението на сајтот на Кремљ, Путин на одморот се занимавал со подводен лов со маска за нуркање на која била поставена камера GoPro.
„Овие кадри заедно со другите фото и видео материјали, вклучувајќи и снимки од квадрокоптер, се достапни на сајтот kremlin.ru.
Во врска со големиот интерес за престојот на Владимир Путин во Тува фото и видео материјалите се објавуваат во целосен обем“, се вели во соопштението на сајтот што го пренесува „Взгљад“.
Странските медиуми пишуваа за фотографиите од тридневниот одмор на рускиот претседател во Јужен Сибир. Повеќето западни изданија истакнуваат дека рускиот лидер може да се пофали со извонредна спортска форма.