Ткачев: Русија ќе го покрие пазарот со свој зеленчук за 3-5 години
Русија ќе може да покрие 90% од пазарот со зеленчук од сопствено производство за 3-5 години, изјави во понеделникот министерот за земјоделство на Руската Федерација Александар Ткачев во програмата на телевизијата „Русија 24“.
Руски автодилери се пренасочуваат кон земјоделството
„Ни требаат преку сила пет, најмалку три години за да можеме 90% да го покриеме пазарот на зеленчук“, изјави министерот, забележувајќи дека руското производство се развива многу активно, пренесува „Известија“.
„За три години го зголемивме за 30% производство на зеленчук. Ова е важно“, заклучи Ткачев. Тој, исто така, истакна дека оваа година приносот на зеленчук нема да се намали без оглед на лошите временски услови и ќе остане на минатогодишното ниво од 16-16,5 милиони тони.
Министерот исто така увери дека до есен ќе се намалат цените на земјоделските производи во Русија и потенцираше дека во моментов цената на најнеопходниот зеленчук е намалена за 15%.